Таткото на Мадона бил шокиран од нејзините скандалозни изведби

Скандалозните настапи на Мадона го шокираа  и нејзиниот татко Тони Чико.

Родителот залудно ја молел славната  ќерка да биде скромна и барем да не имитира мастурбирање на сцената, тврди списанието “V”, за кое Мадона направила еротска фотосесија.

„Секогаш сум велела: Тато, јас сум артистка. Јас треба да се самоизразувам, a  ти не разбираш. Tој  сепак, на тоа ми враќаше: И  поради тоа  треба да имитираш мастурбирање? Да, тато, треба”, се сеќава поп – дивата.

„Мислам дека на крајот тој се помири. Но за тоа беа потребни само 30 години “, шеговито додава таа.

- Реклама -