Поранешната ѕвезда на „Пријатели” Џенифер Анистон откри дека нејзиниот татко Џон Анистон ја молел да не се зафаќа со актерството, од страв дeка ќе преживее разочарување, типично за индустријата.
Таткото на ѕвездата , познат по неговата улога во „Деновите на нашиот живот” , сакал неговата ќерка да стане адвокат, бидејќи се плашел дека ќе биде отфрлена од кино индустријата.
„Требаше да почувствувам дека работите ќе се случат. Едноставно морав да бидам трпелива. Бев во пеколот, бидејќи татко ми ме тераше да се откажам. Ми велеше дека не сака моето срце да биде скршено. Сакаше да станам адвокат “, изјави актерката.
„Израснав во семејство на актери”, додаде уште Анистон, на која дури не и било дозволено да гледа телевизија, кога била мала, освен во деновите кога била болна. Кога го видела нејзиниот татко на екранот, била сигурна дека сака да тргне по неговите стапки.