Квентин Тарантино го искористи гостувањето во шоуто на Џеј Лено, за да открие дека следниот негов проект ќе биде вестерн. „Не можам да кажам многу, но ќе го откријам жанрот. Ќе биде вестерн. Нема да се работи за продолжение на „Џанго“, туку нешто сосема поинакво“, вели тој.
„Толку се забавував додека работевме на „Џанго”, а и толку сакам вестерн, па си реков: „Ок, да го направам уште еднаш она што знам како се прави”.