Фотографот Александар Јаковлев ( Alexander Yakovlev ) од Москва успева да создаде зачудувачки кадри на луѓе кои се во виорот на танцот .
Во своите фотографии тој се стреми да ги фати најизразените движења на професионалните танчери.
Неговите снимки ни овозможуваат да ја процениме убавината на човечкото тело додека танцува. Меѓу најоригиналните серии е токму оваа, во која за поголема динамика во рамките тој го комбинира танцот со „експлозија“ на брашно.