Додека некои познати дамо со сомнителен талент добиваат големо внимание од јавноста поради своите големи и заоблени задници, други многу талентирани жени не можат да се пофалат со својата позадина.
Ви претставуваме некои од оние кои не можат да се пофалат со добар задник.
Тејлор Свифт
Таа е талентиран текстописец и една од најпопуларните пејачки на денешницата. Оваа природно убава и висока девојка не е позната по својата позадина. Претходно и самата Тејлор за OK! магазинот изјавила дека е незадоволна од својата фигура и дека би сакала да има позаоблено тело и поголем задник. Затоа, од неодамна посетува теретана, а според блиски извори на пејачката, таа прави над илјада сквотови на ден.
Меган Фокс
Меган Фокс глуми од 2001 година. Таа важи за секс-симбол и покрај тоа што има мал и рамен задник. Новинарите од снимањето на филмот „Тинејџерски мутант нинџа желки“ велат дека таа носи фармерки во кои не се ни гледа нејзиниот задник. И покрај сето тоа, Меган и понатаму се појавува во супер секси изданија во магазини како Максим, FHM и слични.
Линдзи Лохан
Линдзи Лохан е дефинитивно една од најпроблематичните дами во шоу-бизнисот. Линдзи објавила своја слика на која очигледно во фотошоп направила нејзиниот задник да изгледа поголем, но тоа не им избега на светските медиуми.
Мила Кунис
Преубавата Мила Кунис, за разлика од другите актерки во Холивуд, не сака да изгуби туку да здобие некој килограм плус. Додека играла во филмот „Црниот лебед“ морала да изгуби дел од телесната тежина, а кога ја вратила, таа вели дека се вратила таму каде што таа не сакала. Сепак, Мила наведува дека „не сака да оди под нож“ освен од здраствени причини.
Кејт Аптон
Кејт Аптон е една од моделите кои со брзина на светлина доби светска слава. Позната е по своето раскошно деколте, Кејт вели дека нејзиниот задник никогаш не добил доволно внимание.
Викторија Бекам
Меѓу овие дами се најде и поранешната „Спајс“ девојка, Викторија Бекам која и онака никогаш не сме ја виделе подобро нејзината позадина.
Мајли Сајрус
Оваа кронтраверзна пејачка се чини дека не „пати“ од комплексот на големи гради и задник… за сега.