Шестнаесет годишниот Илија Михајловиќ кој е роден во Приштина, а живее во Белград, го воодушеви жирито на X Factor, со нумерата на Бруно Марс “When I was your man”.
Александра Коваќ скокна на нозе и воодушевено започна да аплоудира.
– Неверојатно е вака да пее дечко на само шестнаесет години. Самиот Бруно Марс би бил горд на ваков соул во гласот и на волку душа“, беше еден од коментарите.
„Коментаритеод овој тип многу ми одговараат и драго ми е што сите изреагираа добро на она што го работам. Не знам од кого го наследив талентот со оглед на тоа дека речиси сите од моето семејство се антислухисти. Реакцијата на Александра посебно ме израдува, затоа што таа ми е пејачки идол. Сепак, најдобриот совет ми го даде Жељко кој ми рече дека треба да симнам некое кило, и тоа го ценам, вели за „Блиц“, Илија, кој признава дека би сакал да сними дует со Александра и Жељко.
Иако нема девојка, тој се обидува секој ден да му биде исполнет. Свири на клавир, саксофон и виолончело, а оди и на трчање и пливање.