Елена Шумилова, талентиран фотограф од Русија, е зафатена со создавање на повеќе маѓепсувачки прекрасни слики од нејзините деца и животни уживајќи во руралниот живот.
Нејзините фотографии се полни со идилична радост на селскиот живот, и нивната пријатна и безвремена природа е направена уште потопла од нејзините модели- нејзините две деца и армијата на убави животни на нејзината фарма. Како што има кажано таа „децата и животните- се мојот живот.“
Животот е прекрасен,а времето скапоцено… како и овие фотографии
Таа исто така преферира да користи природна светлина за своите фотографии.
„Кога сликам преферирам да користам природна светлина- и внатре и надвор. Ги сакам сите услови на осветлување- улично осветлување, свеќа, магла, чад, дожд и снег- сè што дава визуелна и емоционална длабочина на сликат.“