Тајните за успехот на Опра Винфри

Милијардерката која е дел од безброј рангирања, како:  највлијателна жена црнец, највлијателната TV- ѕвезда, најбогатиот човек од телевизијата, навистина  има што да каже за успехот, парите, бизнисот и животот.

Ако не знаете што да правите, подобро  не правете ништо , вели Опра Винфри. Можете да се занимавате со нешто, едноставно затоа што така сакале вашите родители. Или пак, можеби  затоа што мислите дека ќе се збогатите и ќе станете познати. Но сето тоа не функционира , ако самите вие ​​не сте искрени пред себе, во врска во вистинските причини.

 Отворив училиште (за девојки во Јужна Африка), затоа што сакав да направам нешто корисно.

Нема ништо полошо од тоа да натерате човек да се почувствува дека е никој и ништо. А најдоброто што можете да го направите е да дозволите некој да ја почувствува сопствената важност. Тоа е тајната на моите емисии.

oprah1

Она од кое што се плашите нема власт над вас.   Кога се фокусирате на нешто добро, сè што се добива е уште подобро. Добив нови можности, односи, па  дури и пари, кога научив да бидам благодарна за тоа што се случува во мојот живот.

Успехот е процес. Првиот мој „говор” го одржав кога имав три години – на Велигден во Баптистичката црква. И потоа, секој нов говор, секоја прочитана книга, секој јавен настап станува друга тула на зградата. Подоцна пред камерата јас веднаш се чувствував добро. Сепак им ја должам вербата на  себе и на книгите. Дури и во најтемните моменти од мојот живот (кога бев силувана, на пример), знаев дека има излез, има и друг живот. Бидејќи јас читав за тоа.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

oprah2

Вие добивате од животот колку што се осмелувате да побарате.

Дванаесет часа  работен ден – тоа е малку за мене. По 12 часа работа барам што друго да правам. Доаѓам  дома и не знам што да правам. Но кога работам 14-16 часа, се чувствувам подобро.

Понекогаш сакам да одам во банка и да кажам: „Покажете ми ги моите пари”. Зашто, кога го гледам  бројот, ми се чини неверојатно дека може да има толку пари.

Сакам да сум опкружена со луѓе, и тоа со повеќе познавања од  нешто, во споредба со  мене – па да можам и јас  да учам од нив.

oprah-money

Јас случајно наидов во телевизијата, случајно наидов во радиото. Но бев добро подготвена за оваа можност.

Среќата не е само отворена можност, но и подготвеност да се искористи. Повеќето од грешките што сум ги направила во животот,  биле, кога сум се обидувала да направам нешто за да уживаат  другите. Без значење  кој си, или од каде доаѓаш, можноста за победа се крие во вас.

oprah3

 

- Реклама -