Актерот открил бројни пикантерии за неговиот колега. Открил дека секој ден вежба на тревникот со разголени мажи и дека секој ден го посетуваат пет различни жени.
Актерот Том Арнолд открил тајни за приватниот и љубовниот живот на неговиот колега Арнолд Шварценегер.
Тој рекол дека Шварци има харем жени кои го прават среќен секој ден.
„Има големо либидо, па има неколку жени кои секојдневно го посетуваат. Барем не е осамен“, рекол комичарот и додал дека за Арнолд тоа е како вежбање. „Тој вели дека има секс пет пати на ден, важно му е да биде во форма“.
Освен тоа, открил дека во домот на поранешниот бодибилдер живеат полуголи мажи слични на него и со нив заедно вежба. „Вежбаат на неговиот тревник и тоа во долна облека. Шварценегер живее како крал“, вели Том.