Со сите разводи за кои се слуша во последно време, убаво е да се знае дека некои врски сепак се трајни.
Една таква долгогодишна врска е бракот на славниот Хју Џекмен и неговата сопруга Дебора-Ли.
46-годишниот актер и 59-годишната менаџерка имаат стабилна врска, а причината за тоа е всушност многу едноставна. Дебора поставила правила кон кои Хју се придржува, а едно од нив е дека не смее да снима со одредени актерки, меѓу кои е и Анџелина Џоли. Неговата сопруга објасни дека ја цени познатата актерка, но дека таа е премногу голема конкуренција за неа. Освен тоа, Џоли и својот сопруг Бред Пит го запозна на снимање додека тој беше оженет со Џенифер Анистон.
„Неговиот агент му забранив да склучува договори со Анџелина“, откри таа во шега за време на интервју за Today Show. Познатата двојка се заедно 19 години, а заедно имаат 14-годишен син Оскар и 9-годишна ќерка Ава.
А, како се справуваат со брачните предизвици?
„Тоа само покажува дека сте го избрале вистинскиот парнер, заедно да поминувате низ сите лоши и добри работи“, заклучува Дебора-Ли. Познатиот австралиски актер отрки дека има уште една „тајна“, а тоа е дека никогаш не биле одвоени повеќе од две недели.