Кога сте холивудска ѕведза, тајните од минатото е тешко да се сокријат. Една таква тајна излезе на почетокот на кариерата на Џенифер Анистон…
Денес Џенифер Анистон е една од најомилените холивудски актерки, а почнала во никобуџетни филмови и во ТВ серии. Една од нив е и серијата од 90-тите години „Ferris Bueller“ која била базирана на филмот на Метју Бродерик, но брзо беше укината од малите екрани.
Сепак, очигледно било интересно на сетот бидејќи Џен тогаш била во романтична врска со главниот актер Чарли Скалатер кој го глумел Ферис.
Деталите од минатото ги открил уредникот на списанието GQ, Џим Нелсон:
„Ќе ви откријам некои валкани детали за Џен. Таа беше убава, повлечена на сетот, се однесуваше повеќе или помалку исто како ликот од серијата, како вистинска 17-годишна тинејџерка. Тогаш имаше темна коса и не изгледаше ни малки како Рејчел Грин од „Пријатели“. Ја глумеше сестрата на Ферис и затоа нивната романса се зборуваше дека е слична на инцест“.
Годините поминуваат, Џен стана најпозната „Пријателка“, а моментално е во врска ос Џастин Тери со кој за некое време планира и венчавка.