Тајната скриена во познатата уметничка слика

Многу љубители на уметноста трагаат по тајните на неверојатниот реализам на ренесансните слики.

Студентите по уметност и луѓето кои се навлезени во историјата на уметноста, знаат дека на крајот од 14-15 век во сликарството владее драматичен пресврт – ренесансата.

Како еден школски пример во овој контекст се појавува портретот Арнолфиниеви (Џовани Арнолфини со сопругата) е слика на Јан ван Ејк од 1434 година, еден од најраните портрети на европското сликарство (Северноевропска ренесанса уметност) и се смета за најдоброто дело во тогашната Европа.

За оваа слика долго се верувало дека е брачен портрет на Џиовани ди Ариго Арнолфини и неговата сопруга во спална соба, но по 1997 година е воспоставено дека тие се венчавале дури во 1447 година, тринаесет години по сликањето на портретот и 6 години после смртта на Ван Ејк. Денес се верува дека на сликата роднина на Џовани и неговата сопруга. Се работи за Џовани ди Николао Арнолфини кој што бил трговец од Иралија. Тој подоцна се нашол и на друг портрет на Ван Ејк во Берлин, што наведува кон идејата дека бил пријател на уметникот.

1063405-R3L8T8D-500-the-arnolfini-wedding-the-portrait-of-giovanni-arnolfini-and-his-wife-giovanna-cenami-the-1434

Скриени пораки

Уметникот Дејвид Хокни и физичарот Чарлс М. Фалко ја изнесоа теоријата како Ван Ејк веројатно при сликањето на некои детали користел оптички уреди како што е камерата опскура. Денес тоа е познато како Хокни – Фало теоријата.

Симболи

На сликата е насликан пар кој во формална поза се држи за раце во спална соба. По нивната облека може да се препознае секој индивидуален материјал (крзно, ткаенина, златни и кожени детали), се издава богатството на субјектот. Двата пара папучи пред нив симболично означуваат како нивната спална соба за нив е заеднички и свет простор, но и нивни дом каде планираат да останат. На сликата е прикажан симбол за бременост, како што се држењето за стомакот, овошјето на ормарот крај прозорот како симбол на плодност и малата дрвена скулптура на масата покрај креветот, која што ја претставува Света Маргарет, заштитничка на бременоста. Кучето во прв план симболизира верност, но има и еротска конотација. Како и кај слилката Роберт Кампин, секој детал има некое христијанско значење. Една свеќа која гори во лустерот ја означува присутноста на Бог. Кога бракот се конзумира, свеќата се гасне.

1063555-R3L8T8D-650-4408578336_b8915f3c72_o

Огледалото и потписот

Незаменлив детал на сликата е конвексното огледало на ѕидот. Тоа е окружено со 10 мали кругови во кои е насликан кружиот пат. Во огледалото има портретирани фигури, но и група сведоци која што стои пред нив. Еден од ликовите е сигурно самиот сликар, кој двослојно го обележал своето присуство, во одразот, но и во потписот над огледалото. Потписот вели “Johannes de eyck fuit hic,” или “Јан Ејк бил овде” со година 1434.

Неговиот потпис потсетува на стара паралела меѓу Бог, како создавач на Вселената и уметникот кој стои како смртник, само копирајќи го божјото создавање низ уметничките дела.

1063505-R3L8T8D-650-4407807897_2c8182f293_o

- Реклама -