Тајната на успшен брак: На 80 години заедно купуваат секси долна облека

Ако се прашувате која е тајната на успешен и долгогодишен брак, Шон Конери (83) и Мишелин Рокебрин (86), можеби го имаат одговорот за вас.

 

Иако во брак се речиси 40 години, Шон и неговата сопруга покажаа дека се уште знаат да ја зачинат својата вркса, па неодамна беа забележани како купуваат секси долна облека.

Инаку, пред многу години, Мишелин ја стекнала репутацијата на жена која знае како да биде во центарот на вниманието на својот маж.

Така на пример, кога нејзиниот сопруг играше во тогашниот хит филм „Пет дена лето“ во далечната 1982 година, Мишел беше таа што ги полнеше весниците, парадирајќи во мал зелен костум за капење за време на снимањето на филмот.

Тоа бил нејзин начин да покаже на акерите и филмската екипа дека само таа може да го одвлекува вниманието на нејзиниот сопруг кога не се снима.

Потоа, кога Шон го снимаше филмот со Кетрин- Зета Џонс, Мишелин морала уште еднаш да ја покаже својата заштитничка страна. Таа наводно, ѝ рекла на Кетрин да „ја намали возбудата“ кога актерката во интервју требала да опише каква техника на бакнување користи Конери.

- Реклама -