Секојдневно читаме за луѓе кои влегле во листата на најбогати луѓе на светот. Но ретко гледаме вести за оние кои искочиле од оваа листа.
Наместо купување на луксузни вили и јахти, Џ.К.Роулинг парите ги поделила на сиромашните.
Писателката Џ.К.Роулинг, авотрка на книгите Хари Потер, уште пред две години искочи од „Форбс“ листата на милијардери. Причина? Дури 160 милиони долари ги поделила со сиромашните.
Британската писателка е прва меѓу членовите на својата професија која се вклучила во клубот на супербогати. Нејзиното богатство денес би било поголемо ако редовно не плаќала данок и не учествувала во бројните хуманитарни акции.
– Кога заработувате многу повеќе отколку ви е потребно, имате морална одговорност мудро да дејсвувате и паметно да подарите – изјавила Роулинг за магазинот “Philanthropy Impact”.
Авторката на книгата за волшебникот и самата живеела од социјална помош пред да се прослави, па затоа знае да ја цени вредноста на парите.
– Сиромаштијата вклучува страв, стрес, а често и депресија. Таа подлага илјадници мали понижувања и тешкотии- истакнала писателката.