Оваа британска пејачка е една од оние кои буквално ја градеа својата кариера преку „трња и камења“. Сега се врати на сцената, а нејзиниот сексипил и донесе и нова среќа на љубовен план.
Шерил Кол, после само четири месеци забавување се омажи за французинот Жан Бернар Фернандес – Версинија, чие што презиме го превзема.
„ Тоа ми дојде сосема природно, како што би и требало на секоја жена. Луѓето и понатаму не го прифаќаат тоа, но не се замарам многу со нивните мислења“, вели пејачката.
Нејзиниот живот доживеа неверојатна пропаст пред четири години, бидејќи таа боледуваше од малерија, а потоа доживеа нервен слом.
„ Морав да се повлечам од музиката на неколку години, беше или јас или моето здравје. Сметам дека направив одлична одлука, бидејќи поинаку не би опстанала“, вели таа.
Шерил сега живее поздраво, а покрај враќањето на музичката сцена, работи и како судика во едно талент шоу кое се емитува на британските телевизии.