Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, Румер Вилис направи серија фотографии за потребите на една модна линија.
Румер е најстарата ќерка на поранешната актерска двојка и самата се занимава со глума, но овој пат реши да се проба во улога на модел за модната куќа „Franziska Fox”, па направи сет секси фотографии.
Румер сериозно е посветена на својата кариера и до сега се појави во неколку популарни серии како, “CSI: NY” i “90210” а имаше и неколку помали филмски улоги.
Од друга страна, нејзините млади сестри Скаут и Татула се во центарот на медиумското внимание, воглавно поради проблемите со зависноста, но и провокативното однесување.