Tаа e маж заробен во тело на Плејбој зајачица

Познатата американска водителка, актерка, манекенка и кој знае што уште не, Џени МекКарти во неодамнешно интервју призна многу.

Меѓу останатото откри дека отсекогаш се чувствувала како маж, но никогаш немала храброст да носи машка облека, бидејќи се родила како жена.

Исклучок, нормално, бил нејзиниот ангажман кога глумела трансексуалец.

„ Немав потреба многу да се соживувам со ликот, бидејќи тоа бев јас. Отсекогаш се чувствував како еден од оние фраери кои носат плејбој аутфит!“, признава поранешната плејбој зајачица.

Но, тоа не е се. На прашањето како би се чувствувала доколку нејзиниот 12 годишен син и признае дека е геј, таа имаше одговор:

„ О, Боже, би била толку возбудена. Би можеле да идеме заедно на шопинг, а потоа тој да ми ја средува косата!“.

За крај го изнесе и своето гледише кон сексуалноста.

„ Драго ми е што луѓето се почесто ја признаваат својата сексуалност. Мислам дека сите се раѓаме како бисексуалци, но многумина од нас не сакаат да го прифатат тоа.

- Реклама -