Таа денес е бомба, но видите како изгледала во средно училиште

Актерката Кристина Хендрикс, најпозната по улогата во серијата „Mad Man“ сега живее живот каков што повеќето можат само да сонуваат, но кога ќе се сети на еден период од средношколските денови, само се наежува.
„Имав мое шкафче и секој пат кога одев да земам книга од него, учениците плукаа на мене“, изјавила за The Quardian.

Christina Hendricks (Foto: Splash News)

Била изолирана од друштовото, а се изненадувала кога гледала девојчиња на нејзина возраст како носат чанти наместо ранци.

„За мене, чанти носеа само мајките. Другите девојки беа многу позрели и поженствени, дури од тогаш се шминкаа и имаа секс. Ништо од тоа не ми се случуваше“, рекла актерката.

Иако во меѓувреме таа прерасна во еден од секс симболите на денешницата, не гледа смисла во докажувањето на средношколските насилници дека погрешиле.

 

- Реклама -