Селена Гомез и Џастин Бибер се смирија по нејзиниот роденден.
Пејачката Селена Гомез и Џастин Бибер се повторно заедно. Но, родителите на Селена не одобруваат што нивната ќерка повторно е со пејачот која зад себе има неколку скандали, вклучувајќи и затвор.
Извори за американските медиуми изјавиле дека нејзината мајка Манди жестоко протестирала против нивната врска. Стравувајќи и несакајќи Селена да заврши на рехабилитација на скршено срце, како што било минатата година.
Родителите на пејачката немаат никаква контрола над неа, тврди добро запознатиот извор. Двојката повторно е заедно од минатата недела, а во петокот се видени во еден ресторан во Тексас каде не се криеле дека повторно се заедно.
Двојката заедно и снимиле видео од тренингот каде заедно играле на песната на Џон Леџенд ‘Ordinary People’. Се чини дека сепак постои нешто меѓу ив, а Селена е дефинитивно „малата“ на Џастин.