Британскиот модел Дејзи Лу се појави во провокативна едноделна комбинација и ги изненади присутните на доделувањето на минатовечерните награди за машкиот магазин GQ.
Таа се појави во тесен сив комбинезон во кој нејзините гради биле покриени само со две ленти, овозможувајќи убав поглед на нив од страните.
Од една страна оваа модна комбинација изгледа софистицирано, додека позирала во сивиот волнен комбинезон со прави панталони кои ги нагласиле нејзините долги нозе.
Но, од друга страна може да се каже дека манекенката малку претерала, па го добила ефектот т.н. „side-boob“ или гради од страна.
Во секој случај, Дејзи била девојката која сите ја приметиле на доделувањето на GQ наградите.