Француската актерка и модел Летиција Каста (37) ги палеше светските модни писти кога во раните 90-тти се појави во една реклама за фармерки, а нејзините заводливи облини ги освоија мажите ширум светот и ги остави без здив.
Сега, дваесет години подоцна и по раѓање на три деца, таа покажа дека не ја изгубила својата убавина, ниту атрактивноста.
Иако на почетокот на 90-тите години беше сметана за една од најзгодните жени во светот, Летиција докажа дека и по три продувања може да се оддржи витката фигура.
Оваа француска убавица и манекенка за време на долгогодишната кариера има снимено бројни едиторијали заразни водечки списанија, но и за многу модени брендови.
Убавата актерка го поминува одморот на островот Корзика, а друштво и прават нејзините деца. Иако изгради богата кариера како модел и актерка, Летиција е успешна и како мајка на две девојчиња и едно момче.
Летиција е родена во Франција, од каде што е нејзината мајка, но добар дел од детството има поминато на островот Корзика, родното место на нејзиниот татко. Кога имала 15 години, еден моден фотограф ја забележал на плажа и во неа видел успешна манекенска кариера.
Единствена пречка било тоа што била висока „само“ 169 сантиметри, но сепак успеа да се избори за своето место на сцената.
Таа има глумено во филмовите „Акстериск и Обеликс“, како и во серијата „Син велосипед“.