Џони Деп ја шокира јавноста со својот „пијан говор“, на доделувањето на Холивудските филмски награди, што се случи минатата седмица, а подеднакво непријатно изненадување беше неговата свршеница Амбер Херд.
Имено, американските таблоиди пишуваат дека младата актерка поради тоа го оставила својот 23 години постар дечко.
„Амбер не можеше да поверува дека направи таква будала од себе. Поради тоа се зборува лошо и за неа, а таа не е среќна“, изјавил извор близок на двојката.
Според пишувањата на медиумите, овој инцидент ја натерал Амбер да сфати дека разликата во годините меѓу нив е преголема и дека нејзините најдобри денови допрва доаѓаат, додека времето за слава на Џони „одамна поминало“.
Во продолжение „пијаниот говор“.