За својот сопруг британската адвокатка Амал Клуни одбрала посебен подарок.
Се чини дека Амал била токму она што му требаше на Џорџ Клуни, познатиот заводник, актер и режисер. За нешто да ги потсетува на нивниот најубав ден, Амал му подарила посебен подарок по венчавката.
Специјалниот подарок биле специјални коктел чаши од Мурано стакло од какви пиеле токму на нивната венчавка. Сетот на чаши чини речиси 3 илјади долари, а особено му се допаднале на нејзиниот нов сопруг. Порачала и 12 салфетки од свила со истите шари, како и држач за нив- комплет кој одлично ќе одговара во нивниот нов дом. „Секој пат кога ќе пијат коктели од тие чаши, ќе ги потсетува на венчавката и ќе разбуди убави спомени“, рекол извор за E!News.