За денеска ви предлагаме за ручек да подготвите свински ролат полнет со сланина и брусница.
Состојки:4 свински шницли,3 лажички маслиново масло,сол, 1 лажичка мешан зачин,2 лажички мед, 1 лажица сок од лимон, 50 мл. бело вино, 150 мл. слатка павлака, 2 коцки за супа, брусница, рукола, 4 парчиња сланина, 100 г. кашкавал.
Подготовка:Истенчете ги шницлите со чекан за месо и посолете ги и додадете го зачинот. Ставете ги шницлите во маринада од зејтин, мед, лимонов сок и вино и оставете ги неколку часа во фрижидер. На секоја шницла ставете парче сланина, рукола и брусници, свиткајте ги во ролат и прицврстете ги со чепкалки. Ролатите извалкајте ги во брашно и испржете ги,а пред да бидат готови додадете ја маринадата и павлаката. Потоа ставете ги испржените ролати во сад за печење, прелијте со супата и печете половина час на 200 степени. Врз готовите ролати изрендајте го кашкавалот и вратете уште десет минути во рерна.
Исечете го месото на кришки и послужете го.