Откако се отсели од домот кој го делеше со поранешниот сопруг, Сил, Хајди Клум реши да си дозволи раскошен почеток. Така, таа се одлучи за пространа и гламурозна вила во Бел Ер, Лос Анџелес за неверојатни 9.8 милиони долари. 40-годишниот топ-модел ужива во новиот модерен и живописен дом, со ведри бои и двор од соништата. Ова огромно живеалиште таа го дели заедно со момчето Мартин Кристен и нејзините четири деца. Ѕирнете и вие во раскошот кој го ужива ова славно семејство.