Наследникот на империјата милијардери Рандолф Херст, неговата посвоена ќерка Фабиола Бераска и нејзиниот вереник, инвестицискиот банкар Џесон Бекман, се во последните подготовки за свадбата, која ќе се одржи во Дубровник.
Венчавката ќе се одржи во палатата Спонза во Дубровник. Очекуваат околу 300 гости, а меѓу нив се секако и холивудските ѕвезди Леонардо ди Каприо и Анџелина Џоли, познатиот диџеј Мард Ронсон, како и наследничката на модната империја Мисони, Маргарета Мисони.
Фабиола наводно изразила желба тој ден да биде единствената невеста во Дубровник, бидејќи како што вели таа, „не сака да налета на друга жена во венчаница“.
Фотографиите од венчавката екслузивно ќе се појават во есенското издание на магазинот „Вог“.
Инвестицискиот банкар и наследничката на едно од најбогатите семејства во светот имаат петгодишен син.