Минатата вечер H&M Studio, новото име на H&M за новата сезонска колекција за клучните модели, ја претстави својата модна ревија за есен 2014 за време на париската модана недела.
Ревијата е оддржана во Гранд Палас пред 600 гости, вклучувајќи ја и Миранда Кер, Џесика Алба и Соланг Ноулес, а моделите како што се Андрееа, Џоан Смалс, Изабел Гоуларт и Саскиа носеа сезонска комбинација на облека, опуштен стил на 21 век кој ги комбинира машките и женските карактеристики.
Колекцијата ќе биде достапна во околу 250 продавници ширум светот и на интернет од 4 септември 2014 година.
Духот на колекцијата доминирала комбинација на машки и женски тесни фустани и шарени блузи кои ќе се носат под машките јакни.
За потребите на модната ревија Гранд Палас беше претворен во апстрактен урбан пејсаж со архитектонски графички линии и постери кои го дефинираа просторот.
„Баш е добро да се биде во H&M Studio во Париз и да се види оваа лимитирана колекција. H&M е толку добар бренд- достапен, кој може да се носи и кој е модно- свесен“, изјавила Миранда Кер.
„Многу е возбудливо да се биде дел од оваа, голема забава. Начинот на кој се облекувам е комбинирање на различни нешта и сакам да купувам во H&M, секогаш наоѓам нешто ново и добро“, изјавила Џесика Алба.