Светски скандал: Хуманитарките на Мајка Тереза продавале бебиња?

Една од хуманитарките ангажирани во организацијата на Мајка Тереза, „Мисионери на милосрдието“, е уапсена во Индија под сомнение дека продала бебе старо две недели.

Можно е уште две жени да се вмешани во настанот. Тие се приведени и ќе бидат испрашувани за да се дознаат информации и за евентуални други вакви случаи.

Тамошната полиција започнала истрага врз основа на информации добиени од претресот во овој центар. Таму се пронајдени и околу 2.200 долари во готовина, веројатно платени од родители кои купиле бебе.

Е.Д.

- Реклама -