Светот во ова момче виде херој, се додека не ја дозна вистината (Видео)

Видеото од момчето во Сирија кое под дожд од куршуми од снајпер успева да извлече девојче на сигурно, за кратко време стана вистински вирален хит кој за пет дена собра повеќе од 3.6 милиони прегледи.

Сепак, се испостави дека едноминутното видео е лажно, а „дејството“ наместо во Јабруда, се одвива во Малта. Младиот херој пак бил само актер, а целокупната замисла, дело на Ларс Клевберг (34), режисер кој живее во Осло.

Тој изјавил за BBC дека сакал видеото да изгледа што поавтентично, за да покрене дебата за невините деца ширум светот кои се жртви на војните. Клевберг сепак додал дека не му било воопшто пријатно да ги мами гледачите со видеото, но дека се надевал дека после тоа тие „ќе добијат надеж“ и ќе станат посвесни.

Тој кажал дека неговата работа финансиски му помогнала на Норвешкиот институт и Совет за уметност на Норвешка.

Вака изгледаше видеото…

А вака изгледало снимањето…

- Реклама -