Светот преку „Гугл“ очилата

Се прашувате како би било да гледате низ „Гугл“ очилата? Во видеото кое денес беше објавено од гигантот, можете за момент да погледнете преку долго најавуваните наочари.

Колку за потсетување, овие неверојатни „стакла“ можат да фотографираат, да снимаат видеа, да бараат одговори на „Гугл“, да потсетуваат итн…

„Гугл“ неодамна започна и натпревар со свој сопствен хаштаг (#ifihadglass), со кој ги предизвика заинтересираните да осмислат креативен начин на употреба на очилата кој ќе биде објаснет со најмногу 50 зборови.

Наочарите би требало да претставуваат технолошка револуција, но сè уште не се знае кога ќе бидат пуштени на пазарот иако промотивното видео за нив беше обајвено уште минатата година. Сепак, познато е дека цената за еден пар ќе изнесува 1500$.

Прочитајте и:  Гугл развива софтвер кој ќе ви го „преземе“ воланот доколку лошо возите

Еве го и видеото кое беше објавено во април, 2012-та.

[youtube]http://youtu.be/9c6W4CCU9M4[/youtube]

- Реклама -