Светот пред нашиот прозорец (Видео)

Погледнете низ прозорецот… Не, не низ вашиот прозорец. Погледнете низ прозорецот кој нам ни ги отвора Дејвид Питерсон, визионер, програмер и студент по филм, кој во само две минути успеал да ја претстави убавината на планетата на незаборавен начин.Соодносот на форма и боја, необичните пејзажи и моќната музика со внимателно создадената монтажа докажуваат дека може да се биде уметник, дури и ако се работи со толку „студени“ средства како што се научните снимки на НАСА станицата во вселената.

Токму таква снимка, од експедициите 29,30 и 31 измонтирал Дејвид Питерсон во видео клипот „Светот пред мојот прозорец“, избирајќи музика која ќе ве натера да се соживеете. Овој талентиран човек ни го отвора прозорецот кон вселената и фантазијата, погледнете! Ќе се разбудите…

- Реклама -