Свечено отворање на „Браќа Манаки“

„Филмот е убав“ е мотото на 36-от интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се случува во текот на следните 10 дена во Битола.

Отворањето вечерва ќе го одбележи светската премиера на филмот „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски и во знакот на 110 години творештво на Браќата Манаки.

Сите очи се вперени во специјалните гости – актерите Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков кои се добитници на специјалната „Златна камера 300“ и се светски познати со своите бројни улоги.

B82D3778B9BDA44F8DDD3908CF71392A
„Убаво е кога на луѓето им се допаѓа она што си го сработил, но ако јас не сум задоволен тогаш не се согласувам со публиката дека тоа е одлично завршена работа“, истакна Ганц во Битола.

Вкупно ќе бидат прикажани 215 филмови од 40 земји, а Битола ќе биде домаќин на безмалку 700 еминентни филмски работници, критичари и студенти.

- Реклама -