Свадбата на Џорџ Клуни ќе биде насловна на Vogue?

Свадбата на актерот Џорџ Клуни ќе може да биде видена низ страниците на американското издание на списанието Vogue.

Актерот и свршеницата Амал Аламуддин која е адвокатка за човекови права, ќе кажат „Да” во Италија следниот месец. Меѓу гостите на настанот ќе биде и главната уредничка на Vogue, Ана Винтур.

„Таа не би отишла таму, без да го следи медиумски настанот”, велат упатените.

Се  очекува Амал да носи  венчаница на Оскар, бидејќи дизајнерот е близок пријател на озлогласената уредничка. Фустанот ќе биде можеби најважниот дел од фотографиите од венчавката.

„Ана и Оскар се толку добри пријатели што таа со радост би го привлекла вниманието кон него”, издава извор на “Њујорк пост”.

- Реклама -