Трагите од апартхејдот сè уште ја формираат Јужноафриканската политика и општество. Борбата и гневот против расните поделби се уште се манифестира, најчесто преку младите, кои во Кетлхонг го изразуваат на еден поинаков, застрашувачки начин.
Сурфањето на воз е најновиот „медиум“ преку кои тие сакаат да ја испратат својата порака, односно да го искажат на својот револт кон нееднаквоста, сметајќи дека е многу помалку насилна опција од вандалските бунтувања и предизвикување нереди.
Краткото видео прикажано подолу, е дело на Марко Казино, а ги пренесува пораките кои ги испраќаат младите Африканци, и ги покажува смртните опасности кои со себе ги носи ваквиот вид на искажување на незадоволство.