Халит Ергенч и сопругата Бергураз Корел им се придружија на демонстрантите во Истанбул кои протестираат против турската влада.
Халит Ергенч, ѕвездата на серијата „Сулејман Величенствениот“ заедно со сопругата Бергураз Корел им се придружи на протестантите во Истанбул кои веќе една недела се бунат против одлуката на турската влада да исече 600 стебла на тамошниот плоштад Таксим и на тоа место да направи трговски центар.