Патрик Џ. Адамс и Меган Маркл кои во „Suits“ ги глумат Мајк и Рејчел потврдиле дека доколку се снима и осма сезона од серијата, тие нема да глумат во неа.
И Адамс и Маркл се решени дека со завршувањето на седмата сезона тие го напуштаат проектот, барем како главни ликови, што не ја исклучува можноста да имаат и по некое епизодно појавување во иднина.
Дали без Мајк и Рејчел „Suits“ ќе прекине да се снима или пак ќе се развива приказната со нови ликови, уште не е потврдено. Не се исклучува и можноста да има спин-оф во кој Харви, Дона и Луис ќе ѝ се придружат на Џесика во нејзиниот „самостоен проект“ во Чикаго.
На Адамс всушност му здодеало да биде во костумот на Мајк, а Маркл пак, доколку стане член на кралското семејство, нејзиниот живот и професионалниот ангажман ќе добијат сосема поинаков правец.