Судиите на X Factor: Кои се согласуваат во мислењата, а кои не?

 

Ако судиме по првата епизода од втората сезона на „ X Factor“, членовите на жири комисијата одлично се согласуваат.

Додека во претходната сезона Кристина Ковач и Жељко Јокимовиќ често се провоцираа еден со друг, Александра засега сосема го поддржува својот колега.

796563-32
Во првата сезона од X Factor, Жељко и Критина имаа најголеми несогласувања.

– Жељко и јас професионално се почитуваме и одлично се согласуваме, што и самите ќе го видите во емисиите, изјави „замената на Кристина“, сестра и Александра Ковач за „Блиц“.

Новиот состав на жири-комисијата
Новиот состав на жири-комисијата

Ниту Јоксимовиќ не го крие воодушевувањето од екипата која е задолжена да ја пронајде најголемата ѕвезда годинава.

zeljko-joksimovic-1378642780-12846
– Жирито е елоквентно и мудро и тоа е она што ме радува. Александра ја познавам долго, мислам дека подолго од Кристина. Сигурен сум дека ќе има борба на мислење меѓу нас, но некои пецкања како порано сигурно нема да се случуваат, изјави Жељко, алудирајќи на оние со Кристина лани.

Покрај нив, во жири комисијата се Тончи Хуљиќ у Масимо Савиќ, а Александра тврди дека се сите објективни и никој не е премногу строг.

Сепак, од она што можеше да се забележи, судејќи по оценките од првата епизода и стилот на членовите на жири-комисијата, очекуваме Александра и Жељко да делат слично мислење, но во најголем дел спротивно од она на Тончи и Масимо, особено кога ќе дојде во прашање делот за изборот на песни на натпреварувачите. Воедено и сигурни сме дека никој нема да прави толку гафови при изборите колку што правеше Емина Јаховиќ во минатата сезона на шоуто, за која сите зборува дека упорно не може да им го пронајде стилот на учесниците кои се под нејзино менторство.

krl4431

Уште во првата епизода жирито беше воодушевено од натпреварувачите. Александра го прекина Марко Станиќ (17) од Суботица додека ја пееше песната  „All of me“ од Џон Леџенг. Не затоа што не и се допадна, напротив, за да се качи на сцената и да го бакне.

Потсетуваме дека сестрите Ковач не се согласуваат воопшто добро во приватниот живот, па можеби затоа на Александра ќе и оди муабетот со Жељко, за разлика од нејзината постара сестра. Впрочем интересно е што сите зборуваат за тоа дали е подобра Кристина или Александра, дали ќе им недостасува Емина или не, а забораваат да го споменат човекот од минатата сезона кој навистина недостасува во оваа четворка. Добриот и легендарен Кики Лесендриќ, кој немаше лош збор против ниту еден судија или учесник во текот на минатата сезона од шоуто.

7-620x350

 

- Реклама -