Судењето за случајот на СЈО „Титаник“ е одложено за 24 септември, поради тоа што обвинетиот Мартин Протуѓер вчера завршил во болница.
Освен Протуѓер, на денешното судење беа присутни сите останати обвинети, меѓу кои и експремиерот Никола Груевски, поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, потоа Илија Димовски и Билјана Бришкоска Бошковски, Мунир Пепиќ, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.