Глави на мртви бебиња, птици и човечки лица, крвави црева, човекови мозоци … Добредојдовте во кујната на Анабел де Ветен! Или, како што ја нарекуваат пријателите – Анабел Лектор. Таа е слаткарка која создава одвратни глетки на вкусни торти.
Започна да се занимава со печење колачи само пред 3 година, а денес е опкружена со купишта пандишпани, глазури, чоколади и бонбони. Госпоѓа Лектор издвојува по 30 часа за секој од страшните ремек дела, а ги продава по најмалку 400 фунти (околу 900 денари).
„Кога ги гледаат тортите луѓето се згрозуваат, но за среќа, кога ќе ги доживеат, веднаш ги засакуваат “, раскажува 42-годишната мајсторка од Бирмингем. Таа сепак си признава: „Многу е смешно да им ги гледам изразите кога јадат малку црева на пример, и сфаќаат дека всушност имаат вкус на чоколадна торта. ”
Анабел знае дека делото со бебешки глави во реални големини, изработени од бело чоколадо, сигурно не е за сечиј вкус. Но, како што вели и таа самата „Не се плашете, пробајте“!