Стомакот поттикна гласини: Дали има бебе на пат?

Сопругата на познатиот актер го привлече вниманието на странските медиуми…
Социјалните мрежи овие денови ечат за бременоста на сопругата на познатиот актер Џорџ клуни, Амал Аламудин Клуни. Поточно, Амал се прошетана во Западен Холивуд со својот шармантен сопруг, а нејзиниот стомак, кој се гледал под капутот, привлече големо внимание на јавноста и медиумите.

Амал цело време не ја тргнала насмевката од своето лице, а рацете често ги држела на стомакот. Дури и оваа гласина да се покаже како точна, сигурни сме дека семејствата на Амал и Џорџ ќе се израдуваат, со оглед на тоа што веќе нејзиниот татко изразил желба за вници.

View image on Twitter

Потсетуваме, неодамна американските медиуми пишуваа дека Џорџ сака дете, но Амал сака уште малку да почека.

„Амал сака да почека со имање на деца барем една година за да може да ужива во бракот“, изјавил изворот.

Можеби се предомислила…

- Реклама -