Што симболизира Сфингата?

Сфингата се состои од човечка глава (знакот Водолија), биста бик (знакот Бик), Орловски крилја (знакот Скорпија) и заден дел (знакот Лав).

Сфингата содржи во себе природен и астролошки принцип, четири клучни знаци од зодијакот, од кои што секој преставува една четвртина од животот, една годишна доба и друштвено уредување (четири елементи: воздух, вода, оган и земја).

Бикот ја симболизира пролетта, детството, првобитното доба и друштвеното уредување, задоволување на примарните биолошки инстикти. Лавот го преставува летото, младоста, сјајот и блесокот на царството и кралството. Крилата на орелот во себе го содржат знакот на Скорпијата, есента, војната, смртта. Ликот на орелот се наоѓа на знамињата и грбовите на некои држави. Човечката глава симболизира старост, зима. Големата сфинга, покасно статуа на богот Хармакиш, се уште ја крие вистината во себе. Се претпоставува дека ја чува пирамидата – гробницата на фараонот. Тоа го дознаваме од плочата која што е дел од монументот, подигнат 1400 – тата година пред новата ера, со намера да ја чува земјата на мртвите. Арапските писатели ја опишувале сфингата како око на ужасот. Еден од нив Abd al Latif, пишува дека за сфингата не треба да се зборува лошо, бидејќи тоа може да предизвика зло.
egypt_3

Плиние ја нарекол Сфингата “маѓичната тишина”. После посетата на Сфингата, Плутарх напишал: “Не успеав да ја одгонетнам мистеријата на Сфингата, туку само ја насетив. Таа содржи знаење.” Некогаш Сфингата имала чувари и свештеници кои што ги викале чувари на смртта и вистината, но тие можеби постојат и денес. Некогашните чувари имале магична моќ, бидејќи знаеле да го сватат “говорот” на Сфингата, бидејки таа ги најавувала вестите и пророштвата кои што свештениците во транс ги запишувале во тајност, на папируси кои што можел да ги чита само фараонот. На темелот на тие записи, фараоните го создавале државното уредување на Египет, ги напишале законите и одредбите. Според преданието, пред околу 1400 години пред новата ера, еден млад принц, уморен од лов, седел на песекот пред пирамидата за да се одмори. Опиен од убавината на тој крај, младиот принц се вратил и ги положил целите во чест на египетскиот бог Хорус, заштитник на земјата и небото. Младиот принц барал од богот Хорус, да ископа песок од местото каде што се наоѓала Сфингата, а за возврат му ветил дека ќе стане фараон. Младичот го направил тоа што го замолил Хорус и за кратко време тој постанал фараон Tuthmosis IV. Сфингата не треба со ништо да се навредува, ниту да се оштети, бидејки тоа ќе предизвика проклетство која што таа го чува. Наполеновата војска ја бомардирала Сфингата со топови и и го оштетила ликот. После ова се случила несреќа која што засекогаш го закопала сонот на Наполеон за големо царство и слава – преку Египет, Наполеон сакал да дојде до далечната Индија, и по пат да ги освои сите земји и од нив да создаде едно големо царство. Со помош на племе убици, Наполеон со својата војска го масакрирал населението. Наполеон умрел сам, болен, во егзил. Наполеон II и Наполеон III се родиле тешко болни и никакви лекови не ги спасиле. Умреле во прогонство во странска земја, под тешки услови без љубов. Иста судбина го снашла и Наполеон IV. Тој до душа, оздравил од светата вода од Лурд, кој што на неговата мајка го донела една дворска дама, но умрел во прогонство сам. Проклетството на сфингата престанало со последната лоза на Наполеон.

- Реклама -