Ким Кардашијан отсекогаш ги негирала гласините за наводната пластична хирургија, признавајќи дека досега единствено „пробала само ботокс“.
Но последните неколку излегувања во јавноста на познатата реалити ѕвезда повторно ги разбранија озборувањата за естетската хирургија на нејзиното лице.
Имено, доколку споредите фотографија од Ким од пред шест години, и како таа денес изгледа, очигледно е дека многу работи се променети. Нејзиното чело изгледа совршено „испеглано“, а слична е и ситуацијата кај подочниците каде нема буквално ниту една брчка. Носот и изгледа потенко а јаболчниците поистакнати. За тоа дека Ким вградила импланти на горната усна започна да се зборува уште во текот на нејзината бременост, но таа го објасни тоа како последица од зголемената тежина и отеченост. Сепак, Ким се породи, за кусо време ослабна, а горната усна остана иста.
Сепак, Ким Кардашијан и понатаму тврди дека тоа е нејзиниот природен изглед, па доколку навистина таа ја говори вистината, единствено останува да си помислиме дека промените на нејзиното лице се само производ на совршено изведената шминка кои ги затскриваат сите нејзини недостатоци. Но сепак, разликата е очигледна, па сомнежот и понатаму останува.