Што конечно сфаќаме по дваесеттите години

Искуството нѐ учи помалку да се нервираме а повеќе да уживаме, да се цениме себеси и саканите, и кои работи се правилни а кои погрешни. Некои работи кога-тогаш ќе ги разбереме и сфатиме. Во суштина тоа е најчесто во дваесеттите години или доцните дваесетти. Еве што нѐ научи искуството:

#Вистинските пријатели ќе бидат тука за вас и кога животните промени (како родителство, нова работа) ќе ве променат и ќе ја ценат вашата промена.

#Пиењето премногу кофеин не е ваш најголем проблем.

#Личноста која често погрешно ги сфаќа добрите намери очигледно и самата нема добри намери.

#Стремежот за совршенство е погрешен и преценет.

#Можно е вашиот животен пат да ве повика на голема промена, и тоа е во ред затоа што во текот на таа потрага ќе истражувате, менувате, учите, развивате и созревате.

#Нерешената вина може да биде многу поболна од скршено срце.

#Ако имате потреба да ги лажете за некоја работа своите најмили, размислете дали воопшто треба да ја направите таа работа.

#Родителите не можат да ги решат сите наши проблеми, но сеуште се извор на драгоцени корисни совети.

#Оптимизмот е моќна работа.

#Фејсбук ќе ги открие сите ваши нарцистички тенденции. Проверете се себеси и престанете толку често да го проверувате Фејсбук профилот.

#Биди љубезен кон странците, тоа е добро за душата.

#Не припаѓајте на оние жени кои се здебелуваат за да ги зголемат градите. Престанете да се обидувате.

#Кога ќе научите да ги прифатите промените, среќните спомени ќе ве направат вистински среќни, а нема да бидат само потцетници за среќни времиња.

#Вашата постара сестра или брат во текот на целиот ваш живот ќе ви бидат идоли.

#Никогаш немојте да станете нечија тајна. Заслужувате многу подобро.

#Само неколку минути танцување може да го поправи тагата, без разлика дали сте во диско клуб, автомобил или дневна соба.

- Реклама -