Што јадат за појадок во различни земји?

 

Велат дека појадокот е најважниот оброк во денот. Како изгледа доручекот во земјите ширум светот?

Погледнете  еден интересен  материјал за тоа како изгледа  типичен појадок во различни земји.

Австралија

australia(2)

Австралијците обично доручкуваат житарици  или тост.

Бразил

brazil(4)

Тука наутро ставаат на масата шунка, сирење и леб. Пијат кафе и млеко.

Колумбија

colombias

Традиционална појадок во Колумбија  е чангуа – супа со млеко, јајца и кромид.

Куба

cuba

Во Куба доручкуваат  кафе со млеко и  потпечено лепче кое подоцна го топат во кафето.

Англија

england(3)

Сите сме слушнале за типичниот англиски појадок – јајца, колбаси, сланина, грав и печурки.

Франција

france(3)

Кросан, едно од обележјата на француската кујна. Секако, уште поубав во комбинација со кафе.

Германија

germany(1)

На трпезата во Германија, наутро се јаде  ладно месо, колбаси, локални сирења и свеж леб.

Индија

india(1)

Традиционален појадок во Индија е  Идли уада – нешто како погача со  леќа и ориз.

Италија

itakly

Италијанците го започнуваат денот со капучино и пишкоти.

Јапонија

japan(8)

Во Јапонија јадат  супа, ориз и кисели краставички.

Португалија

port(1)

 

Кроасани со мармалад или сирење со кафе.

 

Русија

russia(2)

Русите за доручек јадат банички со урда или сирење.

Турција

turkey(2)

Турците доручкуваат  леб, сирење, масло, маслинки, јајца, домати, краставици, мармалад, мед. Понекогаш ставаат и суџук.

САД

us

И тука има различни облици во различни држави, но најчесто се доручкуваат  јајца, сланина, палачинки и житни закуски со млеко.

- Реклама -