Стивен Хокинг: По 50 години луѓето ќе живеат на Месечината

Испраќањето на првиот човек на Месечината изгледаше голем чекор за нашето време, но ќе изгледа мал на позадината на проекциите на Стивен Хокинг за истражувањето на вселената, пишува The Daily Mail.

Во рамките на учество во програмата „Во живо од вселената”, познатиот научник изјави дека луѓето ќе живеат Месечината по 50 години, а до 2100 година ќе има човечки населби на Марс.

Според Хокинг, ако луѓето не успеат да колонизираат други планети, се соочуваат со неизбежно изумирање.

„Нашата планета е еден стар свет, загрозен од непрестано зголемување на  населението и исцрпувањето на ресурсите. Треба да ги земаме во предвид овие закани и да сме подготвени со план “Б”, “наведува научникот.

Прочитајте и:  На „темната страна“ на Месечината имало активни вулкани

„За да преживее нашиот вид во следните сто години е задолжително е да патуваме во бесконечноста на просторот, за да колонизираме нови светови насекаде во вселената”, додаде тој.

Стивен Хокинг истакна дека ако го следиме овој пат, тој не се сомнева дека ова  столетие ќе остане во историјата на човештвото како вистинска вселенска ера.

- Реклама -