Стилски икони кои започнаа како модни катастрофи

Постојат некои жени  во шоу-бизнисот, кои направија  извонредна промена,  иако во минатото им се смеевме поради нивниот избор на облека и додатоци.Сепак денес ја  очекуваме секоја нивна секуларна појава со интерес. Еве кои се ѕвездите кои успеаја да го сменат стилот за добро:

Викторија Бекам

Независно што уште во времето на Спајс Грлс ја познававме како Пош Спајс, ништо во нејзиниот стил  тогаш не го оправдуваше нејзиниот  прекар (превод на зборот posh – елегантен, шик, луксузен, екслузивен). Долго време Викторија носеше чудни ткаенини, кичести модели, премногу разголени деколтета и смела комбинација на животински материјали со јаки бои. Нејзините намери  да стане моден дизајнер беа пречекувани со отворен потсмев, додека не дојде пресвртница во нејзиниот живот и стил. Во текот на неколку години видовме одлична еволуција во стилот на Викторија, а конечно дојде и денот во кој таа целосно застана зад псевдонимот Пош (кој сепак таа не толерира!).

- Реклама -