Семејството Кардашиан ќе добие нов член на семејството.
Изгледа дека 34-годишната Кортни Кардашиан е повторно бремена!
Според магазинот OK!, Мејсон и Пенелопе ќе добијат братче или сестриче.
Наводно Кортни и Скот ја споделиле радосната вест сo пријателите.
„Кортни призна дека повторно ќе стане мајка. Многу е возбудена и им призна на неколку пријатели – едноставно не можеше да ја чува тајната! Отсекогаш планираше да има три деца, а сакаа бебе веднаш по раѓањето на Пенелопе. Знам дека Кортни и Скот некое време се обидуваат таа да забремени“, раскажал извор билок до семејството за OK!.
Кортни и нејзиното момче веќе имаат две деца, тригодишниот Мејсон и Пенелопе која има една година.