Виножитото е оптички и метеоролошки феномен кој предизвикува светлинскиот спектар од сончевите зраци да се појави на небото поради прекршување на светлината низ ситни капки вода во атмосферата. Прекршувањето предизвикува создавање на повеќебоен свод на небото, со црвената боја најгоре, а виолетовата најдолу. Центарот на виножитото е директно наспроти сонцето.
Во серијата подолу ви прикажуваме ретки примероци од мистичните краеви (или почетоци) на виножитата. Како што ќе можете да забележите, народната поговорка дека на крајот на секое виножито стои ќуп полн со злато, е само обичен мит, но во секој случај овој феномен е навистина интересен и вреди да се фотографира.