Следната галерија го прикажува начинот на градење и поставување на легендарната Статуа на слободата.
Статуа на Слободата која се наоѓа во Њујорк, САД е вискока 46,5 метри. Ако се додаде и држачот висок 47 метри, тогаш вкупната висина изнесува 93,5 метри. Се наоѓа на Островот Слобода.
Статуата е подарок од Франција на САД, како знак на пријателство во 1886 година. Статуата е дело на францускиот вајар Фредерик Август Бартолди, а металната конструкција е дело на архитектот Густав Ајфел, познат како главен архитект на Ајфеловата кула во Париз.
Првиот модел на статуата, со многу помали димензии, направен е во 1870 година, и денес се наоѓа во Париз. Статуата била создадена во Франција и до САД била испратена на делови (повеќе од 200 пакети) со помош на бродови до Њујорк. Во градот тие пристигнале на 17 јуни 1885 година, но самото конструирање односно изградба не било готово по повод 100-годишнината од објавувањето на американската независност во 1776 година. Главните причини биле недостиг на финансиски средства. Статуата официјално била откриена на 28 октомври 1886 година.
Со текот на времето, статуата се претворила со симбол не само на градот, туку и на целата земја.
Во 1984 година, споменикот станал дел од културното наследство на УНЕСКО.Статуата на слобадата тежи 204 тони.Во нејзината десна рака таа држи факел од кој гори оган,а во нејзината лева рака таа држи таблета на која со римски броеви е напишано:Јули 4-ти 1776 што значи денот и годината кога САД стана независна држава. На главата, Статуата има круна на која има 7 шилци кои ги претставуваат 7 континенти. Нејзината десна нога е врзана со синџир кој ја прави статуата заробник или роб, но таа покажува слобода кон целиот свет и дека нејзиното значење треба да го знаат луѓето ширум светот.