Актерката Мерјем Узерли, првата Хурем во серијата „Величествениот“, ја имаше честа да му ја додели наградата „Маж на годината“ на својот колега Халит Ергенч.
Мерјем тоа го направи во стилот на серијата, клекнувајќи пред него.
„На секој актер некоја улога му ја одбележува кариерата. На мене така ми беше со Хурем. Таа пргава робинка ми ги отвори сите врати во светот и со гордост може да кажам дека до крајот на животот со големо задоволство ќе бидам робинка на Сулејман“, вели таа.
Мерјем откри дека специјално пристигнала во Турција за да му ја додели наградата на својот колега Халит Ергенч. Колегите веќе работат на нови турски серии, а јавноста уште долго ќе ги памети по улогите на жената што владеела со светот – Хурем Султан и романтичниот немилосрден султан – Сулејман.